Дефинитивно најактивниот меѓу стенд-ап комичарите кај нас за време на оваа криза е Бојан Велевски. Откако летоска го направи првиот стенд-ап LIVE STREAM на Балканот, време е да се случи вториот и тоа пред новогодишните празници.
Насловот на шоуто е “Прирачник за изолација со жена”, a во него ќе бидат сите фори што Бојан ги напишал за машко/женските односи во текот на неговата кариера.
Искуството, вели е поинакво од се’ што досега го работел, но иако тој лично бил скептик, сепак публиката реагираше позитивно.
Настанот е закажан за 26.12.(сабота) 21ч. Само 150 карти во продажба по цена од 120 денари, а на денот на настанот 150 денари. Картите се купуваат online, се плаќа со картичка и добивате линк за гледање. Еден билет за целото семејство или за цело друштво. Карта можете да си купите овде.
А, еве и низ фотографии во каква атмосфера публиката го пречека претходниот LIVE STREAM на Бојан.